Адреса: бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 п.ф. 290

Дејност

Центар за стручно образование и обука

Центарот за развој на стручното образование е основан со Одлука на Владата на Република Северна Македонија („Службен весник“ број 87/06) како јавна установа која ги усогласува јавните интереси и интересите на социјалните партнери во стручното образование, и ја координира соработката со меѓународни институции (член 31 од Законот за стручно образование и обука, Службен весник бр. 71/06 и 117/08).

Врз основа на член 32 од истиот закон, Центарот врши стручни работи во областа на следењето, вреднувањето, проучувањето, унапредувањето, истражувањето и развојот на стручното образование и обука.

Центарот особено ги врши следниве стручни работи:

  • Анализа и проучување на образовните системи, посебно за стручно образование
  • Проектирање на нови системски и концепциски решенија
  • Иновирање на постојните образовни компоненти (програмски, процесни, организациски и др.)
  • Истражување на развојните трендови во стручното образование
  • Истражување на пазарот на труд
  • Изготвување и развој на стандарди на занимања
  • Развој на национална рамка на стручни квалификации
  • Поддршка на социјалното партнерство во сите фази на образованието
  • Следење на реализацијата на наставни планови и програми
  • Обука, менторирање и советување на наставниците
  • Соработка со меѓународни институции

Средствата за остварување на дејноста се обезбедуваат од Буџетот на Република Северна Македонија и од сопствени приходи од извршени услуги (член 38 од Законот за стручно образование и обука).