Адреса: Бул. Гоце Делчев бр. 18, п.ф. 290

Учество на 15. Меѓународен симпозиум за логистика и сообраќај

Советничката за секторот Сообраќај, транспорт и складирање Азра Тутиќ учествуваше на 15. меѓународен симпозиум – Интердисциплинарност на логистиката и сообраќајот со труд за загадувањето на животната средина од абењето на пневматиците, кој го изработија со Снежана Божиноска, наставник по сообраќајни предмети во АСУЦ „Боро Петрушевски“. Истражувањето ја обработува темата за микропластика и нејзиното влијание врз животната средина и здравјето. На симпозиумот со свои трудови учествуваа и колеги од АСУЦ „Боро Петрушевски” и СОУ „Ристе Ристески Ричко“. Симпозиумот овозможи размена на идеи и нови согледувања за предизвиците поврзани со сообраќајот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More Articles & Posts