Адреса: Бул. Гоце Делчев бр. 18, п.ф. 290

Зајакнување на менторските капацитети во стручното образование

Центарот за развој на стручното образование (ЦРСО) во моментов презема активности за подигнување на свеста и на државните и јавните институции, општините и НВО во вклучувањето на реализација на практично образование на ученици од средните стручни училишта.

Согласно член 20 од Законот за стручно образование и обука, работодавачот има обврска да обезбеди ментори. Менторот е работодавач или лице вработено кај работодавачот, со најмалку три години работно искуство во дејноста, кое има успешно завршено обука за ментор и е определено да му овозможи на ученикот да ја реализира предвидената програма и ги постигне резултатите од учење.

За таа цел, во периодот од 21.05-11.07.2025 година, Центарот за развој на стручното образование успешно реализираше 5 обуки за ментори, на кои учествуваа и се обучија 75 ментори од 19 институции.

Со овие обуки се создава мрежа на професионално подготвени ментори кои ќе имаат клучна улога во поддршката на младите, нивната практична обука и поврзување со потребите на пазарот на труд.

Овој процес беше реализиран со поддршка од УНИЦЕФ, со цел унапредување на квалитетот на стручното образование и создавање посилни врски помеѓу образованието и работната средина.

Заеднички градиме поуспешен систем на образование, кој им овозможува на младите подобра перспектива и подготвеност за иднината!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More Articles & Posts