Адреса: Бул. Гоце Делчев бр. 18, п.ф. 290

Експерти од Балканот се сретнаа во Софија за зајакнување на дуалното образование

Во Софија, во организација на Modern Education Foundation и под покровителство на Министерството за образование и наука на Бугарија, се одржа Балканската конференција за учење преку работа (Balkan Conference on Work-Based Learning) 🇪🇺

На Конференцијата учествуваа експерти, претставници од институции и организации од Бугарија, Грција, Романија и Северна Македонија, кои разменија искуства и добри практики за зајакнување на дуалното образование и унапредување на стручниот кадар преку регионален дијалог.

На настанот учествуваа и претставници од Центарот за развој на стручното образование, кои активно придонесоа во дискусиите за модернизација на стручното образование и развој на политики за учење преку работа.

Настанот опфати панели за клучни политики, регионални перспективи и идни насоки за унапредување на СОО во регионот, со посебен акцент на современите трендови и потребите на пазарот на труд.

Конференцијата заврши со културна програма и можности за поврзување и идни партнерства меѓу институциите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More Articles & Posts