Адреса: бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 п.ф. 290

70 години Биро за развој на образованието – признание за Центарот за развој на стручното образование

Директорот на Центарот за развој на стручното образование, Бесник Зендели, заедно со други вработени, на 17.11.2025 година, присуствуваа на свечениот настан по повод одбележувањето на 70 години од основањето на Бирото за развој на образованието. Нашиот Центар доби Благодарница за успешната и долгорочна соработка и за заедничкиот придонес во развојот и унапредувањето на македонскиот образовен систем. Голема благодарност до Бирото за развој на образованието за признанието и за континуираната партнерска поддршка. Продолжуваме заедно да работиме на подобар и поквалитетен образовен систем за сите ученици.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More Articles & Posts