Адреса: бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 п.ф. 290

ЦРСО со активен придонес на 17-тиот секторски состанок во Владата

Претставници од Центарот за развој на стручното образование, предводени од Директорот Бесник Зендели, присуствуваа на 17-тиот состанок на Секторската работна група за образование, вработување и социјална политика, кој се одржа во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија.

На состанокот се дискутираше за напредокот во спроведувањето на секторските политики и Националната развојна стратегија 2024–2044, како и за тековните и планираните активности за унапредување на стратешката и законската рамка во државата. Претставниците на институциите ги споделија клучните процеси и реформи во образованието, економијата и социјалната политика, со акцент на подобрување на квалитетот на услугите, инклузивноста и развојот на човечкиот капитал.

Центарот ќе продолжи да придонесува со експертиза и координација во сите процеси што ја зајакнуваат врската меѓу образованието и стопанството, со посебен фокус на практичното образование и развојот на релевантни вештини кај младите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More Articles & Posts