Адреса: бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 п.ф. 290

Успешно одржана обука за ученици од СУГС „Шаип Јусуфи“ Град Скопје

Државниот архив денес беше домаќин на ученици од III година, профил администратор, од СУГС „Шаип Јусуфи“ од Општина Шуто Оризари, при што учествуваа на обука за канцелариско-архивско работење придружувани од професорката Ивона Јакимовска. Во посета на Државниот архив беше и м-р Елизабета Ј. Радановиќ, советник за сектор економија, право и трговија од Центарот за развој на стручно образование, институција која овозможи сертифицирање на 19 вработени како едукатори од Архивот во текот на 2025 година.

            Од име на директорот на Државниот архив, м-р Димитар Богески, најпрвин на учениците добредојде во институцијата им посакаа архивските едукатори, вработени во Архивот. На средбата со учениците тие потенцира дека ќе имаат поддршка во текот на нивното образование преку практични обуки и континуирана комуникација.

            Бобан Трајчевски од Секторот за инспекциски надзор, стручен надзор и помош кај имателите беше реализатор на обуката чии содржини ги дополнуваат умеењата на учениците. На крајот од обуката присутните ученици имаа можност да пополнат анонимен прашалник преку кој изнесоа сопствени мислења за содржините и користените методи на презентација. Советникот од ЦРСО, м-р Елизабета Ј. Радановиќ изрази пофални зборови за организацијата на обуката и воопшто архивската едукација. Архивските едукатори посочија дека и во наредниот период ќе продолжи овој процес со воведување што повеќе практични примени на теоретските знаења на заинтересираните ученици.

            Државниот архив како општествено одговорна институција секогаш ќе биде отворена за ученици и студенти со цел стекнување и продлабочување на нивните знаења и стекнување вештини кои ќе им користат во иднина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More Articles & Posts