Адреса: бул. „Гоце Делчев“ бр. 18 п.ф. 290

Ученички иновации и одржливо земјоделство: ЦРСО на транснационален настан во Србија

Претставници од Центарот за развој на стручното образование (ЦРСО) учествуваа на транснационалниот настан за презентација на ученички проекти во рамки на проектот AgriTech Solutions: Иновативно СОО за одржливо земјоделство, финансиран од програмата Еразмус+.

Настанот, кој се одржа во Средња школа „Свети Трифун“ со дом за ученици – Александровац, Србија, 12-14 декември 2025, беше посветен на иновативни и одржливи решенија во земјоделството, развиени преку учење базирано на проекти (PBL). Ученици од Србија и Северна Македонија ги презентираа своите идеи пред публика составена од наставници, стручњаци од индустријата и претставници на институции.

Особено значајно е што Соња Славковиќ, претставник од ЦРСО, беше дел од комисијата за евалуација на ученичките проекти, придонесувајќи со своето стручно мислење и искуство во областа на стручното образование и обука.

Голема чест и успех за Северна Македонија – СОУ „Кочо Рацин“ од Свети Николе го освои првото место на транснационалниот настан, со ученички проект кој се истакна по својата иновативност, практична примена и придонес кон одржливо земјоделство.

Ваквите настани ја потврдуваат важноста на прекуграничната соработка, размената на добри практики и активната улога на институциите во поддршката на иновативни пристапи во стручното образование, особено во насока на одржливо земјоделство и развој на релевантни вештини кај младите.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

More Articles & Posts