Adresa: bul. "Goce Delçev" nr. 18, P.K. 290

ЦРСО дел од промоцијата на Концепцијата за постсредно образование

Претставници на Центарот за развој на стручното образование денес, 15.12.2025 година, учествуваа на настанот „Промоција на Концепцијата за постсредно образование“, кој се одржа во Клубот на пратеници во Скопје, во организација на Националниот тим за СОО при Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

Настанот беше посветен на претставување на Концепцијата за постсредно образование (V Б ниво според НРК), размена на наоди и препораки, како и отворање простор за партнерства и практична имплементација на концептот во соработка со релевантните чинители.

ЦРСО активно се вклучи во дискусиите и размената на идеи, со цел унапредување на системот на стручно и постсредно образование и негово подобро поврзување со потребите на пазарот на трудот.

Lini një Përgjigje

Adresa juaj email s’do të bëhet publike. Fushat e domosdoshme janë shënuar me një *

More Articles & Posts