Адреса: Бул. Гоце Делчев бр. 18, п.ф. 290

Мисија/Визија

Центар за стручно образование и обука

Центарот за развој на стручното образование (ЦРСО) е професионална јавна установа која обезбедува поддршка и развој на стручното образование и на сите субјекти заинтересирани за стручното образование во Републиката (социјални партнери, образовни установи, ученици, наставници и други).

Мисијата на Центарот е да обезбеди квалитетно стручно образование и обука кое одговара на потребите на пазарот на трудот, да придонесе за зголемување на стапката на вработеност на младите и да ја подобри ефективноста и конкурентноста на стопанството.

Својата мисија Центарот ќе ја остварува создавајќи услови за воспоставување на флексибилен систем на стручно образование заснован на филозофијата на доживотното учење, што подразбира:

  • постојана застапеност на стручното образование за сите членови на општеството;
  • образование кое одговара на реалните потреби на учесниците и локалната средина;
  • ширење можности за учење низ институционален, програмски и организациски плурализам и поврзување на формалното и неформалното образование;
  • обезбедување квалитет и професионализам во реализацијата на стручното образование со општествена верификација на стандардите.

Центарот мисијата ја реализира особено преку:

  • обезбедување квалитет на средното образование и следење на резултатите на учениците, наставниците и училиштата;
  • подобрување на вертикалната и хоризонталната подвижност на учениците;
  • исполнување на барањата на економијата за нови компетенции;
  • поврзување на образованието со пазарот на трудот и создавање флексибилни врски;
  • усовојување и иновирање на стандардите на занимања и образовни програми;
  • воведување нови образовни програми;
  • рамнотежа помеѓу општото и стручното образование;
  • усогласени дипломи и сертификати со европски стандарди;
  • развој на стандарди за занимања, институции и наставници;
  • усогласување на мрежата на училишта со потребите на пазарот и политиката на вработување;
  • обезбедување различни извори на финансирање на стручното образование.