
Во просториите на ЦРСО се одржа почетен (kick off meeting) состанок на проектот Micro – In – Act. Проектот ќе биде реализиран во партнерство со CPI-Словенија, ЦЕС Академија и SBG-Германија.За таа цел, беше потпишан договор помеѓу Директорот на ЦРСО г-дин Бесник Зендели и директорот на CPI г-дин Грегор Мохорчич и претставникот на SBG, г-дин Свен Еберт. Овој проект доаѓа во вистинско време кога фокусот и на Европската Унија и на системот на стручно образование и обука е насочен кон микро потврди (micro-credentials), решенија кон преквалификација и доквалификација на возрасните. Задоволство е на вака сериозни процеси да се соработува со партнери кои се докажани во процесите кои се однесуваат на стручното образование и обука.
